поприбере (св.)
Застана на прагот забајден без да знае што станува со него, се поприбра малку и ги овргали очите низ порта.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се поприбра и решително влезе внатре.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Туку да бараме некое чаре, да се поприбериме поблизу до границата, да видиме ќе има ли некоја надеж оттаму или да се прибираме внатре, — проговори како со туѓа уста Тренков.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кметскиот го сети тоа и се поприбра.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој поработи уште малку, ја фрли теслата и отиде дома да се поприбере.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)