попладневен прид.

попладневен (прид.)

Тротоарот на широкиот булевар е влажен од попладневниот дожд.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со попладневните возови патуваат само благонадежните граѓани.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Крстју просто ми рече дека Младичот не може да се качи на попладневниот воз и дека ќе тргнел со вечерниот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Не станува збор за тоа задоцнување. (На Младичот.) Вие требаше да стигнете со попладневниот воз?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се разбира пред него се направив незаинтересирана за тоа што донесе тој, и каде го остави, но едвај дочекав по попладневниот одмор да излезе да купува продукти за утре за ручек.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Разбрав дека во првите попладневни часови секогаш можат да се сретнат вакви жени кои одат на специјални гимнастички вежби, под контрола на светски познатиот гинеколог-хирург проф. д-р Леви, кој докажал дека по овој пат создава услови за безболно раѓање...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иако вренеше снег, патот беше чист и така речиси во првите попладневни часови се најдовме во убавата Прага, расечена од бујната вода на познатата река во историјата на чешкиот народ - Влтава.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Запиравме, влегувавме во морето и се плискавме во уште студените води, уживавме во попладневното сонце.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ненадеен здив на попладневен ветар го смекна да не пламне, да не ја испцуе жената, навидум старица, иако постара од него само неколку години. Така е, само луѓето, тие и ништо повеќе, можеа да бидат грешка на природата, зло, свое и нејзино.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По некое време, татко ми и мајка ми се разбудија и станот се исполни со вообичаените попладневни звуци и движења.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тато стана од попладневниот одмор и дојде на балконот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Студеникавиот попладневен дожд дојде низ падината, допирајќи ги пченките во обработените ниви на ридот и барабанејќи по покривот од сува трева.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во сенката на дебелите yидови низ кои шпартаат специјални видови на гуштери - чии паѓање во нечија коса предизвикува едвај видливо бранување од извик, страв, паника среде таа речиси пустинска неподвижност (оттаму, од таа статичност, можеби потекнува и „сценската“ форма на овој скеч?!) - господинот Иљаз, првиот попладневен посетител во чајџилницата САМО ТИ ЈА, зависнички (истовремено страсно и одмерено!) го срка првиот од низата чаеви што следуваат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Од сонцето, во попладневните часови јајцевидно и дамкаво, се спушти зрак.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Впрочем, Тангер беше оддалечен неколку часа; дури и главниот пат на брегот (на кој можеби би имало автобуси) беше неколку километри од плажата, попладнето си одминуваше, а требаше да се вратиме во Американското школо на вечера пред моето попладневно предавање кое, со оглед на темата, во најлош случај ќе биде само неразбирливо за Тангерците во публиката, а не и навредливо. Маргина 34 71
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во попладневната тишина, количеството звуци беше изненадувачко.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа настапи мала непријатна тишина во која решив да се проѕевнам за да покажам дека ми дошло време за попладневната дремка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пеколот секој сам си го бира !  Ја обзема чувство на изнуденост: софистицирана уцена маскирани киднапери препознатлив глас.  Депресија: доцна попладне Наместо топла попладневна дремка во неа без остаток се влива тегоба со нагон на повраќање небаре влегува низ подотворени порти - дома, а дома цибрина  треска  изѕемнина.  Има хронична несоница.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
До него на клупата лежи гајдата, не како да заспала, ами како да смислува нови свирби и писоци, сладосни извиви за попладневното оро.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе