поослободи (св.)
Попот си ги зеде петте лирички назад и се поослободи малку, мислејќи дека со ова ќе се расипе работата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мудурот се поослободи и нешто се присети та пак плусна со рацете.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе и Јован се поослободија. Значи, имаат време, ќе се мрднат од местото дури да се разбере работата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Требаше да слушнам како се прикрадуваат вашите чекори по дворот па да се поослободи сонот и да ми пријде.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Ај таксират“, си повторуваше тој во себе и, сиот исплашен, гледаше право да се пикне негде во задните редови, до самиот ѕид, само да не го забележат по нешто. Попосле како да се поослободи малку.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)