понадвор (прил.)
- Кај отидов, ебамити устето за понадвор, му велам, кај отидов?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- А што да не тера понадвор, вели Јоше Свирачот, кога мевот ни е залепен за плеќите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- А може да јал јајца од штрк, ќе нагаѓаат другите, тие тераат многу понадвор.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
ХЕРЦОГ: Не ми е возможно да отидам понадвор.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Над аурот имаше едно одајче, сега целото во пајажини и од кое се излегуваше на едно чардаче виснато високо над реката, чардаче до коешто се качуваа надворешни скали и на чиишто други имаше дупка во душемето за понадвор.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Па, кога ќе мериш за да го одбереш помалото од поголемото помеѓу пушач и пијач, на кантарот помалку тежи зависникот од никотин, а од понудените курвар и коцкар, подобар избор е љубовникот, кој сетики по некој пат ќе донесе некоја нова, научена умешност од понадвор дома, па ќе имаш и ти некој ќар, а не може до крајот на животот да биде тоа, за разлика од другиот, кој ќе испушта душа врз масата за рулет и на сто години или, во подобар случај, ти ќе му ги пополнуваш ливчињата за „спортска“ до крајот... дека помлада.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)