помошен прид.

помошен (прид.)

Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На ова место, во чија непосредна близина се распростираат букурештанските езера, се наоѓа домот на печатот „Скантеа“ - една огромна зграда, која се идига на повеќе од петнаесетина ката, со четири помошни , на кубиња поствени, згради.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иако е патентиран, никогаш не е влезен во комерцијалното производство, но во седумдесеттите години неговата употреба како помошно средство во психотерапијата, стана тренд во Соединетите Држави.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Наскоро се пројави потреба од помошна литература која беше составен дел на истражувањата и филологот воодушевено се фрли на работа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Првиот помошен (assisted) редимејд, тркалото од велосипед - кое, сметам, има врска со велосипедите во Мажјачиштето, и со Жариевата страст кон велосипедизмот - беше изведен следната година, 1913.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Од помошниот влез му го изнесе на прекупецот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За мене самиот поим е еден помошен израз, и тоа повеќе за опис отколку за категоричко именување на новата историска состојба; повеќе демократско двоумење на самиот поим самиот во себе да се утврди, отколку некаков недвосмислен знак, симболички орден врз шинелот на историското време.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Менувањето на минатото е неопходно од две причини, од кои едната е помошна и, така да се каже, претставува прашање на претпазливост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Помошната причина е таа дека членот на Партијата, исто како и пролетерот, ги поднесува сегашните услови делумно затоа што нема мерила за правење споредби.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој поим што ќе биде и понатаму потребен, ќе се изразува само со еден збор, со строго дефинирано значење и со сите негови помошни значења избришани и заборавени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На 24 март 1943 година од одделот за Југославија при СОЕ била испратена телеграма до управата за помошните служби во која се известувало за личностите кои заминале за Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Бегот првпат го видов не кога отидов таму, зашто тогаш ме зедоа постарите прислужници и ме однесоа во помошните згради зад сарајот, туку подоцна еден ден кога јас се најдов близу до предниот двор на жолтата голема зграда со долги правоаголни прозорци и оттаму можев да го видам како се качува на еден дораст коњ, опкружен со слуги кои, кога коњот се препна под шибањето на мамузата, се тргнаа скраја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мерачките реквизити ги носеше еден нивни помошен работник, но главниот инженер одредуваше каде да се постават, кога да се преместат, или да се соберат, и само тој гледаше низ малата геодетска камера на три потпирки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Одиме за Америка... ќе ми бидеш помошен возач...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Својствата на музиката му се спротивставува на календарското време и начин на живеење; сѐ подредува на себеси; од еден и еден прави еден човек; не ја злоупотребува искреноста; ја ублажува сличноста меѓу несреќата и страста; ја збогатува крвната слика на емоциите; луѓето ги дели по слухот; процес е кој трае без оглед на злосторствата исчезнувањата, паѓањата во неа емигрираат немуштиот јазик и душите потребни ѝ се помошни средства луѓе и тишина; се нуди во најразлични изведби; предизвикува природни феномени затемнување на сонцето на љубовта, рамноденица труење со хармонија музиката е без предрасуди не озборува, не осудува избезумува те заведува, те заведува и кога си во нејзини раце те остава сам, со себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кој би рекол дека во таква тишина се кријат илјадници звуци на бучава, создадена од ситните минувачи и нивните помошни моторни средства за возење.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во текот на војната бродот ќе стане помошен крстосувач на италјанската воена морнарица, а по капитулацијата на Италија бродот во Трст ќе го преземат Германците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И тие на почетокот ќе го користат како помошен крстосувач, а подоцна и за миноположувач.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На осумнаесетгодишна возраст го доби првиот велосипед со помошни тркала (неговите другарчиња одамна имаа научено да возат).
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Вработените во државната служба кои вршат помошни и технички работи за државната служба немаат статус на државни службеници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе