помеша св.

помеша (св.)

МИТРЕ: Истолчивме и со киселина го помешавме, каснавме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Позади нив е кумата со сито под левата мишка покриено со шарена свилена шамија, вади од него овес помешан со бонбони и фрла над главите од младенците.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Пепел од биволски копита помешан со шеќер и вар, струготини со катран, чад од лути пиперки...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Чудно мирисаше - како внатре да беше помешан сок од кајсии, боровинки, капини, малини и манго. - Што е тоа манго? - праша Бреза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Минував низ десетина состави со ист инвентар: воздушен хармониум, една гитара со магнет, една без, тапани помешани со длабоки лонци.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
АМФЕТАМИНИ (AMPHETAMINES) Форма: Главниот вид на уличниот амфетамин е амфетамин сулфат, белкаст прашок (повремено содржи сивкасти или розеникави траги) кој обично се шмрка со цевка или се внесува интравенозно, но исто така се голта (завиткан во хартија од цигари или помешан со пијалок) или се меша со тутун и се пуши.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеби тоа и не беше одлука туку страв помешан со очај, очај со безнадежност, безнадежност со нејасно чувство на срам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Често се пуши, помешан со марихуана, тутун или магдонос, но исто така може да се вшприца или шмрка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Под рацете веќе му беше бутнато некое друго лице, модро-црвено лице на пијаница, со бели трепки, одвратно на допир, облеано со пот, со испарувања на алкохол, црно кафе помешано со рум - подготовка за наркоза, скришно пивната во меана заради охрабрување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во неа држев викторијански мебел помешан со едно старо коњче- играчка, панаѓурска машина за мерење сила, лампи од Тифани, играчка- Индијанец кој продава Andy Warhol цигари, полнети пауни и еден стар флипер.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Пораки, понуди за женидба, 50.000 толари, ѓубре, костени, запалка, стари влезници, пари од различни земји, телефонски картици, начнати чоколади, бонбони, фотографии, телефонски броеви, веќе франкирани писма, очигледно уфрлени од луѓе коишто ги помешале поштенските сандачиња со оние белите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Му се стори како повторно да го вдишува топлиот, задушлив мирис од визбената кујна, помешан мирис на бубалки, нечисти алишта и одвратен евтин, но сепак заводлив парфем, затоа што ниту една жена во Партијата никогаш не употребуваше парфем, ниту пак можеше да се замисли да употребува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се виде себеси како стои таму, во нејасната светлина на ламбата, сред мирисот на бубалките и на евтиниот парфем, и со чувство на пораз и на отпор, што дури и во тој момент беше помешано со мислата на белото тело на Кетрин, смрзнато засекогаш од хипнотичната моќ на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Осаменоста и безбедноста беа физички чувства, помешани на некој начин со уморот на неговото тело, со мекоста на фотелјата, со допирот на благото ветре од прозорецот кое си играше врз неговиот образ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Миризмата од чудесните јадења се прошири до реката, се помеша со свежата миризма која идеше од езерските води, која сигурно стигнуваше дури од родниот брег, од родната куќа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мајка веќе беше во кујната. Трагаше по последните трошки брашно, за да ги помеша со триците.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сиот преостанат живот му го посвети на толкувањето на старите сиџили откривајќи ги нишките на прекинатите континуитети на бројни семејства на Балканот, со помешани корења, вери, судбини, семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во таа гужва, плач, пискотници, помешани со страв за опстанок, на кого му било до женидба?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ништо посебно важно нема во шамивчето, само малку сужено нане помешано со малку сол.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Зошто во Македонија се беа помешале младото и старото вино во една мешина, во која се надвјасуваа меѓусебно, па се закануваа секое со својата жестина да создаде што посилен ветер, ураган во чие око се криеше тајната која не знаеме каде ќе нѐ однесе. А таму, во тоа око, кој може да навлезе? ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе