помести св.

помести (св.)

КАТА: (реагира). Не зборувај такви зборови! (Го потурнува). Помести се од местото!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
САВЕТКА: (во недоумица). Ууу!... брату, што зборуваш? (го потурнува) Помести се од местото!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ВАСИЛКА: (со смеење ја потурнува). Не зборувај така, помести се од местото!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Се огледа наоколу да не би да го види некој и незабележано го помести каменот така да штицата сега се држеше само со еден крај.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Слабото, малечко тело не се помести: - неподвижно лежеше врз детската дланка што трепереше од ужас и жал.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Таквите одминувања – прескокнувања на времето и поместувањето на аголот на гледање на нараторот, внесуваат живост и го прават подинамично патувањето...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги приспотна гламните, ги помести малку поназад во огништето, па го распрета топлиот жар.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На поминување низ окопот, нивниот ефрејтор го грабна Шишмана за ракав да го поведе, но овој не се помести од местото: - А братучед ми?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потоа, откако беше задоволен со чистењето, внимателно почна да ја испитува, фаќајќи одделни делови, поместувајќи ги оние што можеа да се помрднат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Остана така со погледот низ окопот од каде што требаше да се врати Србин и со мислата на Брезница сѐ додека најпосле Србин не се појави со бовча. Пак не се помести од местото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ајде, фудул Митро, мори, При твојата мака... Но како нож му го параше срцето нејзиниот одговор, кој беше го поместил самиот Тоше во последниот стих и тој со натажен глас го заврши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во овие патеписни репортажи, од моите патувања во странство, поместени се и тие „Од Париз до Истамбул“, искористена е истата методологија на презентирањето на ракописите, по држави и хронолошки, меѓутоа тие се надополнети и со репортажи, објавени во „Моите бележења“ („Полог“ - 1978 година) и уште со десетина други репортерски белешки, кои за првпат се јавуваат во предложената книга.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Немаше дете тој час што не се помести од стројот, што барем еднаш под влијание на Трифун Трифуноски не замавна со рака.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Оф, проклето брашно, - воздивна гласно и се помести, зашто во тој миг спроти него полека доаѓаше ноќниот чувар.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сета шума поодува, се поместува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледам на големиот часовник на ѕидот од станицата: стрелката клоцнува, се поместува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако лажам, вели, одовде да не се поместам, место да не ми најде душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толку сум намрштен што е доволно само да се поместам врз радијаторот, но не се поместувам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа, листањето на книгата, би било една бесмислица ако не е овој сноп невидливи зраци што го предизвикува листањето на страниците и така го одредува просторот, оној дел од просторот за кој секој за себе е свесен, во кој ја има поместено својата стварност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во центарот на оваа грозоморна акција, е поместено читањето и коментарите на расказот „Козата на г. Сеген” од Алфонс Доде.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе