помами (св.)
Впрочем и не би можел да не се помамам по зелената боја кога таа не наидува туку извира од мене, од срцето ми извира, од сржта на она што сум јас.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Како кошаре се отворив
со матарка се премазав
да се помамиш по мирисот
да ми дојдеш
матицо моја
станав кревок и подгорен пергамент
мозаик незаштитен со песок
непрекриен со мрак
се оптегнав како апсида
за да стапнеш, конечно, во мене
со поглед вперен угоре
налик на реквием или псалм
одекот да ти биде
длабок.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Одиш по планините, самјачки
се задлабочуваш во далечините
веќе со години не-тука, не-ти
клекнуваш пред јагодите, шумските боски
розовата страна на смртта
со човечки мирис да ги обросиш
пред да се вовреш меѓу сушните лисја
пред да ги помамиш влекачите, шарките, поскоците
и да ја доживееш, глеј, одненадеж
уметноста на пелцувањето.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Предизвикот ја помамува да се движи кон искористување на неискористениот дел на мозокот – рече старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Но, се помамив за државната плата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)