помагало (ср.)
За разлика од претходната, полиците беа натрупани со шарени порнографски корици, меѓу кои висеа камшици, парчиња кожа, сексуални помагала.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
И траело тоа пријателство, и сѐ било добро, се помагале, се почитувале сѐ до тој ден, кога човекот не ѝ забележал на мечката дека ѝ смрди здивот.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ѝ паднало жал на мајка ѝ и ја оставила и понатаму да цица. Кога го одбила Мил, се обидела и неа да ја одбие, но не помагало.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Кога имала Кала една година, то ест, кога се родил Мил, мајка ѝ сакала да ја одбие. Ѝ ставала четка од чевли на боските свртена со влакната кон нејзината уста за да ја боцка - не помагало; ги мачкала грепците со смрдлива трева - не помагало: ги премачкувала со пипер за да ја испали - не помагало: Кала сѐ издржувала и цицала заедно со Мил.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Не ме сакаш ти ни мене, ни моите помагала!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Не помагало, Проказниците се споулавеле. Најпрвин гризале дрвја и камен, потоа ги извлекле од кании сабјите на пашите и си ги испоклале жените и децата ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Следното такво подрачје каде што на виделина излегува темата на телото е комплексот прашања поврзан со технолошкиот развој кој телото го опремува со надворешни помагала, продира во него, ги надоместува или подобрува неговите расипани делови, дури може и генетски да го промени.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Нашиот организам, и без помагалата на современата наука, доволно успешно ги толкува пораките на природата преку многуте послушници во нашите тела; знаеш колку органи се ангажирани со такви задачи; (еден вид резонатори, нели?); а потоа, тука е душата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Колега, повредата е санирана. - Ја прекина ортопедот размислата на Виктор - Но, пациентот ќе мора да користи помагало за движење.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Брзо ја пронајдоа оптичката продавница која беше воедно и работилница за поправање и изработка на очни помагала.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)