полусон м.

полусон (м.)

Не се плашев што истргнав една младост од полусон, што ја пратив да го следи мојот пат; се плашев пак од осаменост која ме покриваше со плесен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И еден тежок полусон и едно барање во тој полусон.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега по толку време, во еден полусон, во темна непроветрена соба, пред болката на еден памучен палјачо, многу повеќе жив отколку восочните анатомисти на Рембрант, се сети дека убиениот го закопа крај патот недалеку од она што не беше ни глог ни камен туку пенушка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ненадејно се тргаше од полусон и наслушуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ме уби веста за мојата смрт, Јано, завиткај се в бело и дојди да се смееш над мојот весел труп, и пишуваше в полусон, колнејќи се кога ќе се разбудеше дека утре навистина ќе и прати писмо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наеднаш немаше желба да се бори, да се докажува, постоеше само некаква сила што го влечеше кон леглото, што постојано го држеше во некаков полусон.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тогаш од полусонот до смртта нема ни чекор.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ана ги затвораше очите, паѓаше во полусон.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ова е барем јасно: кога посакуваниот полусон, некоја опиеност предизвикана во длабочините, како да е од мока, со еден трепет, дрско, ќе и прискокне на свеста? кога, за жал, ќе бидеме испалени во вис, кон светлата?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Животот го поминува како во полусон, чиниш студените ветрови ѝ ја сопнуваат мислата, како да не е таа Пелагија, туку некоја друга која има само една единствена цел, да ја помине зимата, оваа во здивот на ветриштата, а и другите што ќе дојдат по неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Зошто си ја убил“, рече Џулија, во полусон. „Не ја убив. Не физички.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не сакав тогаш на Луција да ѝ се спротивставувам па да ѝ објаснувам дека мошне често, наместо патриотизам луѓето се задоволуваат со еден вид културен примитивизам, и живеат како во полусон, убедени дека се патриоти; многу години подоцна сфаќаат дека примитивизмот на народните обичаи (во позитивната, културна смисла на зборот) не го определува нивниот патриотизам, туку дека е само еден вид културно алиби дека припаѓаат кон некое движење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Сигурно сега среќно минуваат и последните јагули, - рече Татко во полусон.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Како во полусон, поднаежен во тоа октомвриско пополноќие, веќе ми беше јасно дека не сум сред онаа фина обезбеденост и измазнетост на собирот на писателите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нежно ја бакна в чело. Таа беше во полусон.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Живеете кретенски, хипнотизиран, малограѓански полусон и чекате откровение, чудо, се подготвувате за големиот час кога вашиот живот конечно ќе започне, а сѐ повеќе се сомневате дека тој час воопшто ќе пристине.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во полусон седна во пратеничката клупа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Беше крајот на декември: супер маркетот вриеше од купувачи, кои како во полусон се движеа меѓу гондолите, со извежбани движења посегнувајќи по предметите и ревносно полнејќи ги количките.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тој ѝ одговори пред да биде сосем буден. Во својот полусон го слушна сопствениот глас како одговара, „Да, да, Рози“.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе