полициски (прид.)
Меѓутоа, во полициските записници стои дека на 4.11.1890 год. во една поголема група сослушувани ученици и студенти од Македонија бил и Хаџиташковиќ и дека дури утрето и таа група го напуштила Белград.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И таа како и улицата беше задушена во мов, се крстеше секое утро пред своите дуќански врати, со животински страв од данок, меници, повереници и полициски писари.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Место него улицата ја посетуваше груб и ќелав полициски агент со очи-копчиња впиени во прозорецот со чипкени завеси.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Полицискиот агент, новиот обожавател на инспекторовата ќерка, притрча и се фрли меѓу нив.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но при вториот или третиот стих Пере тивко му шепна: „Се заоблачи, Апостоле“, и тој веднаш ја сврте на „Дуњеранке“, оти влегоа двајца жандарми и дежурниот полициски писар Јачмениќ, кој се врати од Солун и си го зеде пак старото место.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Далеку.“ „Значи, и вака ризикувам. Полицискиот час минал.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Мракот ми е ден, сенките придружнички: никој не ме гледа, закулник сум дури и за очи на був, од студентските дни Asio otus, а јас можам да ги ѕиркам низ чипките на завесите - стојат под прозорецот изѕемнети дури и од летен дожд, црни, со лица на шумски сатири, влакнести и балсамосани под кожените облеки, да ти се смачи од тие човеколики пци со совршено полициско педигре.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Пред тоа стоев пред перченце огледало и гледав како ми побелуваат очите од грижи, од јад заради човечката пакост, заради зашвајсуваноста на полициските срца.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Од полуотворените врати на секаквите куќи кон мене зјапаа баби со лица на црцорци и тапоносни агенти: оџачари со мердивани за да подгледнуваат во туѓи прозорци, попови со оружје под прешироките мантии, предводени пензионери на патерици и во излижани облеки на риги но со полициска цел во голите и збрчкани тикви, маслосани асфалтери со замачкани муцки и со душоваднички нокти на прстите, пожарникари, лажни студенти на државни бицикли, продавачи на зашеќерен сусам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
После, како бруцош, пронајде и осми рид за еден Фројд. „Иване, вечерва гостува еден полициски челист“, му говореа. „Ќе дојдеш ли со нас?“ Ги држеше подалеку од себе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во 1942 година е уапсен и осуден на смрт со бесење како организатор на атентатот врз бугарскиот висок полициски функционер во Скопје, озлогласениот Мане Мачков, казната е преименувана во доживотна робија која ја издржува во скопскиот затвор Идризово.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Кога ќе дојде царскиот инженер? - го прашуваше коџобашијата командирот на турската полициска станица.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Четири години ја пеев „Народе македонски...” и четири години заради таа песна го пиев грчкото масло и серев по грчките жандармериски и полициски канцеларии и подруми.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
-Чудна некоја ѕверка. Заклала три полициски вучјаци додека не ја докусуриле.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Од полуотворените врати на секаквите куќи кон мене зјапаа баби со лица на црцорци и тапонски агенти: оџачари со мердивани за да погледнуваат во туѓи прозорци, попови со оружје под прешироките мантии, предвоени пензионери на патерици и во излижани облеки на риги но со полициска цел во голите и збрачкани тикви, маслосани асфалтери со замачкани муцки и со душоваднички нокти на прстите, пожарникари, лажни студенти на државни бицикли, продавачи на зашеќерен сусам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Вистина, ме пуштаат до логорите со ранети борци на Демократската армија, но секаде со полициска придружба.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пред тоа стоев пред парченце огледало и гледав како ми побелуваат очите од грижи, од јад поради човечка пакост, поради зашвајсуваноста на полициските срца.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Засолништата беа под воена и полициска контрола...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тука беше уште воената и полициската сила, но за тоа беше потребна итна консултација со сите републички структури.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Воените и полициските патроли беа проретчени, но не беа како првиот ден.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)