полип (м.)
Не можеше да протпостави: белата кожа на Јана се морничави и прска под туѓи прсти, под раширени и подвижни краци на мал полип, прсти - слух во своите врвови за таинствениот шум на секој зглоб и секој мускул. ...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ќе успее ли неговото благородно срце да ја надвие подлоста, која како голем и страшен полип ги обвива и стега со своите безбројни пипала. Или...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Ова... По некое време умрел капетанот Кид, а на негово место дошол капетан еден од другарите по име Едноокиот Полип.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Оние што се збиени, уште од зори си ги мешаат сенките, се надјавнуваат, се грабаат на просторот, се издолжуваат и се собираат како пијавици, како полипи, како чудовишта; сокаците: удриле кај им било мило; еден од нив, најширокиот, се припил до езерото, не се дели од него: кај врти езерото, и тој; кај ќе се намери на куќа, се тргнува настрана, се свиткува, се стеснува; кај се спушта брегот на езерото, и тој по него; колку што се проширува брегот на езерото во летно време - толку и тој.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Сликовито ѝ опишал како чадорот се претвора во мрша и како кондурите со метаморфоза се претвораат во костури на лице, потоа во ракови, полипи и „гримасирачки работи“, што ги гледал со крајот на окото.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Од една врата влеговме низ друга и веќе бевме во широка одаја, не премногу осветлена, но сепак достатно за да видам необично суштетсво, прилично слично на полип: огромна многуока глава, од која се протегаа долги пипала.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Но едновремено тој чувствува дека нешто стине во него, полипот на безволие ги протега своите студени пипки по неговата снага.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)