полесен (прид.)
Целта да се добијат позитивни податоци од сите оддели на науката, не само за нас лично, а како народни членови, ќе треба да го натера секого од нас да ги посвети своите сили, сето свое слободно време за изучување на сите тие науки што се најнужни за нашиот народ и што бараат најмногу работа, зашто за полесните секојпат ќе се најдат доста доброволци.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И камен на шија полесно се носи од пуста црна печалба! (На Циганите). Што спиете, бре! Чукајте, дури господ да чуе!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Во втората му беше полесно и понатаму сѐ полесно и полесно, зашто гласот за тоа што нарачува тој се расчу низ цело село додека тој уште немаше минато ни десетина куќи.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Нозете на туѓинецот се несигурни. Полесно му е да не стои.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Полесно беше да откорнеш столетен даб од гората, отколку да најдеш работа и да го извадиш парчето леб.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се исправи. Полесно е кога чекорам, мислеше, кога ја набивам земјата со моиве рамни стапалки.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тие покажаа кон соседната маса, кон налутениот кавалер на сувата блондина облечено тврдо и круто како во картон. „Знам“, се сети и се наведна. „Ништо полесно отколку да се опцуе еден мртовец.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
По восочното лице на дајреџијата се испиша мака и загриженост, како да му помогне на директорот полесно да ја искачи нагорницата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
О, како се измачуваа клетите преспанци. Полесно би ја поднесле тие маката, да им ги запали пашата и спепели куќите, отколку да се решат и да смислат што ум да ѝ дадат на момата...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Полесно ми е со брод на којшто се зборува француски“.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Знаеше дека ќе заминат. Сакаше со нешто да им помогне и да им го направи полесно тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Вака е тешко. Некако инаку може да биде и полесно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таму ѝ е подобро. Разведрена е и полесно ѝ е од оној ден кога чичко Петре ја зарадува со веста за учителот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Оние црвените, ѕуниците, полесно се кинат, поароматични се, но не се толку благи како плускавиците. А и поситни се...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
15. МУ СЕ ЗДАЛО НА ПРАСЕТО ДА ПОГЛЕДНЕ В НЕБЕ - тоа в корито, божем в колевка, на грб штом го свртат со врела вода поливајќи го за полесно да се гребе белата кожа каде што скарата шарата ќе си ја црта...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Ели скоро воопшто не се сеќаваше на мама и нејзе сето тоа ќе ѝ биде полесно, само ако Вера биде добра.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Одовде сѐ е полесно, подостапно и - блиску до целта. Ситниот дожд не пречеше, дури беше пријатно.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Затоа, а за полесно движење на своите војски, Наполеон наредил, секоја улица во Келн да се обележи со број.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Македонските научници - астрофизичари со интерес и како своевиден раритет на посетителите им го покажуваат ова некогашно засолниште на љубовни авантури на француските кралеви, за да можат на ваков начин полесно да ве внесат во тајните на астрофизиката.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Ќе попрашувам по луѓето, велам, ќе попрашувам по пазарите, по анџиите. ״Најтешко ни е нешто да почнеме“, велеше Лазор Ночески, ״а многу полесно да го завршиме“ , му велам и влегувам во една од собите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)