полее (св.)
Да гледаш тело синово ко камен фрлен крај патот, гроб да му утре не знаеш, со цвеќе да го покриеш, со солзи да го полееш, да гледаш а да не можеш, да писнеш и да прозбориш на последната раздела.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Од Распаќе до болница патот крви се полеа. Кај Милева и врвеше, орман ми се одзиваше.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Нежно, мајчински топло, народниот певец пее за Косоварката Милева падната вo борбите за Македонија: „Ај Милево другарице, те ранија на Распаќе, Од Распаќе до болница патот крви се полеа.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Сипаничаво лице, од кое гледаа две ситни очи, чиниш полеани со зејтин, му беше ветено на некој светец.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Топла роса од солзи му ја полеа раката на Крстана.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Беше синозелен мраз во неговата длабочина, беше искадравен во дебелите столбови мранзули, полеани и плиснати надолу, како замрзнувањето да беше фатило и скаменило само еден миг од разиграноста на палавиот поток, со сета негова боја, со сиот негов немир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По лицето, како млака вода, му се полеа солзливата насмевка на сожалението.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Еден човек, кој носел во кофа вода од чешмата до еден гроб, веројатно, за да го измие, или да ги полее цвеќињата, него го прашала: - Простете, случајно да не сте чуле, да не е закопана тука во близина жена што загина во земјотресот, а работеше во банката, - и го кажала нејзиното име и презиме.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
ВО ОВИЕ априлски студеникави дни Варна малку личи на оној распеан, расцутен град, завиен во зеленилото и полеан од жешкото сонце во летните дни, во сезоната на туризмот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Умешноста да се процени вистинската состојба по такви животни потреси е обично реткаи доколку некој располага со неа ја притајува во горчливото срце: ни совладаниот можеш да го утешиш ни на славеникот можеш да му ја укажеш потребата да се смири и да мисли на иднината, на луѓето и на земјата за која бил готов да полее и своја крв.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Денот сосема е отворен и полеан со студена сончевина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Со злато да го полеат... нема да им го дадам!
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Истовремено, колку што надевањето пушташе корења во него, толку се чувствуваше и повремено полеан од некој очај, особено откако Марко му кажа дека таа е студент по менаџмент на Универзитетот во Торонто и дека како шанкерка работи само во вечерните смени.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога наближив кон една долина криена меѓу плодови од лимони, грозје, портокали и смокви, кога го здогледав морето и кога застанав на брегот, почуден си реков: „Господе, како да сум бил тука, како да сум живеел тука на овој брег, до оваа стена и пештерата издлабена во неа, до манастирот и кипарисите извишени крај него, до параклисот од левата страна, полеан со молитвите на калуѓерите кои со запалени свеќи влегуваа и излегуваа од него, помазан од звукот на камбаната и клепалата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Татко ја полеа по челото со лимонова колонска вода, од шишенцето кое Мајка го чуваше како вистинска амајлија, донесено од блиски Таткови роднини од Цариград, при нивните ретки посети.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Гостилничарот ни ги раздели по чиниите и почека да ги отвориме за да ги полее со червишот што беше останал во тавчето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Еј, Стојанчо, - му велеше дебелата комшика Цона, - разврти се малку околу себе, момче, види го - девојчено вене, треба некој да го полее.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ги кутина тој луѓето како некој пеливан полеан со масло, што се рашетал по чаирот и не мирува дури не ги види сите на земја.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Како помлад бев екстремно живчан, а пак денес малце работи можат да ме извадат од такт: не ме дрма ниту светската криза, ниту тоа што сум во долгови, ниту што цркна трансмишнот на мојот "форд", ниту кофимејкерот што експлодира и ни ја полеа цела кујна со ситно мелено колумбиско кафе... ама оваа глупава опаска од такт ме извади!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)