поларен (прид.)
Навлегувам во високите атмосфери на сончевите атоми. Ме пречекува поларна светлост.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ме пречекува поларна светлост.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Право зборувајќи, љубовта и насилството се поларни спротивности.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Расточувањето“ секогаш е од другата страна на поларната опасност, петрифицирањето.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Егзистенцијална фалинка.
Животот се добива на попуст
на крајот од сезоната
краткотрајна
како поларна светлина.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Миграции
Наведнати за да ја допреме
со рацете, со очите, со думата
тонеме во безсознание
сѐ додека не се привикнеме на агонијата
лепливо индиго на амнезијата
нечитлив препис
акутна миоптија
мултиплицирани глетки
сѐ додека не почнеме да наѕираме
тихи обриси
да насетуваме смисла
а таа, пес бездомник
куче скитник
шуткана натаму-наваму
зависно од традицијата
од стомакот во гушата, во душникот
аурата, срцето
долж стопалата
по врвовите на прстите,
ко подноктица
сателитска антена
inter-link, inter-face
нешто невидливо нечујно
светликаво мрачно
мазно бодликаво
нешто кое држи до себе и до слободата
за да може да влегува и да излегува
кога ќе посака, да лунѕа
севезден
ни таму-ни ваму
разбиена идеално
дома, не-дома
таа, а не-таа
своја, а не-своја
секогаш кога ќе се разместат фигурите
ќе се затнат вентилите
огништето се згаснува
наидува поларен студ
- 51° Целзиусов
пука филмот
прскаат шавовите
напукнуваат ѕидовите
се прецртуваат границите
се митари митот!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
За да биде работата посмешна, минувачите околу нас пет пари не даваат за ниската температура: шетаат развиени батки по тесни маички те разноразни разголени тети на ролерки, додека јас и мојата животна сопатничка го набљудуваме светот околу себе ѕиркајќи низ тесните процепи помеѓу нашите шалови и наметки, облечени како двајца Ескими сред сезона на парење на поларните мечки.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Зборот, само игра на случајноста или трагач по загубениот поларен свет: помеѓу јатата ситни птици на островот на смрзнатите водопади, со патишта што треба да се изодат пред да станат проодни А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, раскрилен бран што срчено ќе го крепи Ноевиот ковчег во водите без граници Или само фрлен зрак врз твоето мрачно лице што не знае каде спие, кај се буди, А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, потоната надеж и измолкнат крик од молчеливите води.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Беше задолжена за тешките случаи и две затворени жени умреле задавени од нејзините раце на поларна мечка, извежбани до уметност за убивање од невнимание.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Го проголтав последниот залак ќе ги откорнам оградите, на дијалектичко кодирање светот меѓу постоечкото и подвижното Во рушевините на новоградбата, чекорот остана зад мене Лутам по брегот од поларна капа Сахара со синџир песочен оков закотви околу мене Судниот ден небото ми го испрати, Се засолнав под стреите на реторички фигури
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)