покрсти св.

покрсти (св.)

А кога се покрстија, беа принудени словенските зборови да ги пишуваат со римски и грчки букви, без некое особено правило.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Но со покрстувањето секојпат има идено и писменоста.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа во историјата ништо не се зборува за покрстувањето на нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
122. Така на пр., г.Баласчев, охриѓанец родум, наместо да се занимава специјално со историјата и интересите на Македонија, ми ги изучува бугарските интереси и „материјалната култура на бугарското ханство” 123 нешто што го има за Македонија истото значење како и историјата на Абисинија до покрстувањето на Абисинците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Луѓето седат на лединките и сега си кажуваат за ти реков, ми рече, за што било и поминало. Како да се покрсти излезени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Измислил специјален начин на измачување и сам го крстил Српско покрстување на Бугараши.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете тогаш, кога жителите на Потковица и на околните села ја нападнаа железничката станица, беше нашле една фотографија од Тањушка, во позлатена рамка, и дали од простотилак или од пакост и на подбишега, зашто го мразеа татко ѝ, за божем дека бил посрбен, ја прогласија девојката за светица и со нејзината фотографија напред носеа покрсти - одеа низ полето и молеа бога да падне дожд, за да ги наквасел полињата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тоа негово „покрстување“ се состоело во ова: ќе земел еден обичен селски нож чклипитар, ќе го ставел со тилјето на еден камен и ќе удирал, удирал одозгора по сечилото на ножот со друг камен, сè додека да го отапел, а тогаш, кога ќе го направел ножот тап, да не може жаба да заколеш со него, ќе му го дадел на некого од четниците и ќе му заповедал да го непослушникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа ме молеше да ја покрстам и да ја одвлечам далеку од заптиите на нејзиниот сарај. Анамичка, под свила, ти текнува?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Велат - сега можеш да се турчиш ако дошол таков зорт, ама после пак можеш назад, да си станеш рисјанин, и да се покрстиш„.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Минатото е ниска од за’рѓани алки потресни собитија единствени по своите димензии, па и тежест како на пример – масовни ослепувања оргии во знак на освета погроми, пожари, помори земјотреси, ерупции покрстувања, исламизација елинизација царство на конверзиите на озаконети незаконитости родоскверности, чедоморства завери и трагикомични сценарија, сѐ на сѐ ОВДЕ историјата е горопадна гротеска …
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Воопшто нема да му помогне тоа што ја остави својата поранешна вера и се покрсти.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Моите татковци од прастаро колено, така ме покрстија, и кога роденденски подарок ми носат, на тортата го ставаат истото име МАКЕДОНИЈА Не, јас не се прекрстувам...нека знаат тие што сакаат да го извалкаат нашето име.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)