покров (м.)
Расцвете небо муграво крваво с’нце огреа, - над таа земја студена чуден се покров постила.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
с. Ореово, Битолско Во Преспанско сонце зајде И мрак темен покров фрли, a од мракот шум се дига смрт лоша уста зина.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Се најдов во небрана — изненадена сум невела — не чини неј — нив непара — не толку нетоп — невестински украс од тенеќија кој ја заменува короната ниа — оние нии — нив нуна — кума (делхинутив — кумица) нишан — знак нишка — нит, нитка на платно нишчелки — направа на разбој за ткаење ној— оној ногашчка — наплеток од косата обрецнам — врекнам, нависоко ќе проговорам обрус — долга везана крпа со реси од која се прави чалма на главата одер — врста кревет на столни ногари закопани в земји на кој се чуваат алиштата и покровите во визбата одвраќам вода — басна на вода за да се мени положбата во која се најдува озастра — утринава онбашија — турски војник десетар — каплар опурчак — искинат опинок кој веќе не се носи оралиште — место каде се игра оро ораџика — жена што игра оро орјатка — погрден збор за жена со која друга жена е скарана орман — густа гора оужје — накит олепела — лесна клетва осмак — мера за жито 50 оки отпуст — поповска песна пред свршетокот на извесна. служба павти — женски накит од сребро и бакар пагурче — сад за ракија пазамарка — џеб на селска кошула пајвани — ортомчиња со кои му се врзуваат нозете на коњ да оди раван — ситно парка — што ѝ е, што ѝ пречи да направи нешто паскурник — шара за шарање поскури пачавриче — книжулче, може и крпче од ткаенина пашит — без самар коњ, маска, магаре пералник — котел во кој се топли вода за перење песјачка — погрден збор за жена со која друга жена е карана петле — во онаа см. наполеон — пара златна француска со петле на неа петравил — епитрахил петреви гаѓи — горско цвеќе пинок — опинок плак — старец плетва — трева во сеидбата поврзало — врвца на торба или вреќа, како и на огламник на добиток подвеска — дел од селска облека.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од шајаците ќе прави гаќи за машките, од клашните — гуни и сакми, а од козината — покрови за ергените во кои ќе спијат првната вечер со невестите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Митра преде основа и јаток, се знае: за шајаци, за клашни или за покрови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Трајко и Велика си правеа план за децата, и една вечер, мислејќи дека Анѓа спие, во темнината под покров почнаа да си разговараат: – За Јована ни даваат невеста и ќе земеме, туку и за Анѓа треба да мислиме – ѝ шепотеше Трајко на жена си. – Што има за Анѓа да мислиме?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кога дојде редот за постилање, Мише извади нова рогузина, нови покрови и нова перница и му посла на Толета на чардакот над земник.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Роса во леглото се намести од кај прозорчето, покровот што го префрли преку сите четири моми и себе гледаше од другата страна да ги зафаќа целосно за да не настине некоја од нив, а нејзиниот грб и не мора сосема да биде покриен.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кога Тодора го најде таков, бел како изваден од варница каде несреќно се струполил, крвавата чалма веднаш не ја препозна: таа ѝ заличе на покровот Христов од манастирот Нерези, со кој пред векови му ги завиткаа светите рани на божјиот син.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Гледај, мајко, со прстиве сум ги корнела камењата, длапка да му подготвам, постела за домаќинот мој - ама до него не сум легнала... зашто морав и покров - камен врз камен да му награмадам.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)