покојник м.

покојник (м.)

Уште од вратата ги фати чадот од борината и боровите дрва и почнаа да си ги бришат очите, небарем се сетија за сите свои блиски и далечни покојници.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот поп одржа општ парастас над сите поскури и им дрпна едно: „Вечна им памет, бог да и прости, да се живи живите, бог да и прости умрените" и Петре ги прибра и одовде поскурите, а жените си ги зедоа пчениците и застанаа пред вратата на црквата со распарчани погачи — леб, сирење, риби и други мезиња, да раздадат за душите на покојниците: да им се најде на тој век.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бездруго таа беше туѓа, на некој расипник или покојник.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По сандакот одеа неколку мажи и стари жени, преврзани во црни шамии, роднини на покојникот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По него, два коња ја влечеа мртовечката кола, во која беше сместен мртовечкиот сандак со покојникот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Зафатија луѓето гробовите што подобро да ги уредуваат, надгробните плочи и крстови да ги испишуваат со најлични букви, да редат слики на покојниците, да ги украсуваат со ангелчиња, со гулапчиња, со светци, саксии со цвеќиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Светлината што доаѓа однадвор од самракот внатре во одајата се меша со светлината на четири големи свеќи, на источниот ѕид под исусовото распетие горат за душа на покојникот, и на поседнатите околу трпезата, се протега од јужниот до северниот ѕид, осветлуваќи им ги лицата, груби и јадосани, им дава чуден неземски изглед.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Ако ја споменуваш покојницата, со која во свое време те венча Одборот не им чита на мртвите брошури.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со стемнувањето, низ пукнатината на иконата се спровре во чад еден од последните покојници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Селото го напаѓаа невидени роеви влакнести муви со страшни очи кога богзнае каков солен ветар го довеа од некоја далечна земја внукот на поојникот Осип Крстин, за толку години неизменетиот студеноок и молчалив Антуш Крстин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Змија, се наведнал над покојникот Симон Наконтик, кикотливо старче; заради боцкавата муцка бил налик на видовникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеле да се зграпчат, секој со крвави прсти да му ги копа очите на другиот, а некои од другите подоцна кажувале дека и едниот и другиот Онисифор го сонувале пред тоа покојникот Дмитар-Пејко, жив и со живи прикаски на танките усни за она што ќе се случи, навистина за она што се случило подоцна на патот од Кукулино кон нигде и на пат од тоа нигде кон селото со седумдесет и шест куќи, најубавите од камен врзуван со вар, повеќето накривени, плитарски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само Симон Наконтик подрипнувал околу покојникот. Не можел да верува дека на овој свет сепак се умира и мрморел нешто за своја сметка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги знаев јас сите овие покојници – или и делото и неделото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Покојникот би можел да ги жали нив.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Вечно спијат само покојниците, - одговорив. – Чинките на мојот пријател Пајо имаат моќ само дваесет и четири часа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Едо се натера да се потчини, ја потфати мршата под рамениците трудејќи се да не го гледа покојникот в лице.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Знам - ѝ велев со мојот возбуден шепот - навистина знам дека секому му е јасно дека не постои постапка или однесување што би можело покојникот да го охрабри или не дај боже да му напакости?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми одговори дека сосема заборавила на покојниците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе