покер (м.)
Сѐ во неговиот живот: трите маслинки, градските стреи, црвениот и голмански дрес од студентските години, покерот и платените жени пред и по матура, сѐ, и извикот -да живеат сите ножови на светот. Сето тоа што сега е грст спомени.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Па каде е тогаш покерот на заведувањето?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Сепак, балканскиот покер секогаш носеше немири во куќата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Постојани партнери во покерот и понатаму беа муслиманскиот поглавар Афз Идриз и првоборецот Самир Мустафа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Со неговото заминување, повторно стана проблем четвртиот партнер за покер.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Го обвинува, повеќе години по распадот на Југославија, за хазардерски геополитички покер меѓу Запад и СССР со социјалистичкиот блок, за мајстор на византискиот болшевизам, за манипулатор со неврзаните во постколонијалната ера, (особено Египет, Индија, Алжир, Индонезија и други, како и Палестина на Арафат и Тунис, земји на моето служење како југословенски амбасадор) кои сакаа да ја обезбедат историската дистанца од западниот колонијализам.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Старо одртано мажиште, не поради годините кои ги носеше на својот грб, туку поради годините поминати во разни сплеткарења, во непотребно расфрлање на сопствената енергија, во мачо пијанчења, во неизмерливо долги часови играње покер, на(д) жени од секаков калибар и ранг, на влечење по скиснатите, извалкани подови на околните барови.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Дел од овие книги на Климент Камилски му беа познати од играта покер, кога, очекувајќи карта, се загледуваше во нив.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ги играше сите игри на карти, најмногу покер.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пријатели мои, покерот не се учи! Тој е во вас. Страст човечка!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)