покачи (св.)
Влезе, ја допре скалата до шупата и се покачи. Лесно го дофати парчето и се врати дома.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Се искачи на брегот да види дали од сливањето на дождот во дувалото ќе има поголема пареа и да види дали температурата се покачува.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Стрелката само оди, само се покачува нагоре: шеесет, седумдесет, осумдесет, ветрот ни ги бушави косите, ни влегува низ ракави, низ ногавици, ни ги дуе алиштата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сум чула дека тоа цвеќе било лек против покачен крвен притисок.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во сето тоа наоѓајќи и дел виновност кај селаните од под црногоричината планина и предизвикани од нивното одбивање да ја признаат врската со Селџик-бег, неколцина Турци го подбуцнале ненаспаниот Али-бег да објави дека ќе го покачи уемот во својата воденица и да разгласи дека ќе биде убиен секој што ќе се обиде да стави камен врз камен за идна и независна воденица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ете, и јас првпат го сретнав тој што ќе ми ја покачи цената.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Ова што ми ја покачивте цената, не ви го заборавам.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
А токму во тоа време се чувствувала поарно, но потоа од грижи ѝ се влошило здравјето, температурата ѝ се покачувала.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Меѓутоа, од поднесената молба до царскиот Диван, рајата од споменатата Монастирска каза известува дека бившиот мутеселим Шефки-беј додал додаток и за оваа среќна година преку постоечките додатоци, со што ја покачил сумата на 135.000 гроша и со тоа ја натерал рајата да го продава својот недвижен имот за да го исплати данокот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јас поради тоа сметав дека сум излишен овде во ЈугоМак и дека ми се готват да ме избркаат од работа, а малку да ми покачеа плата, колку да се смирам, ни несреќата ќе се случеше ниту пак јас ќе бев нервно поболен и позависен од алкохолот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Работничкиот совет платата мене не ми ја покачи зашто тоа не било возможно без да ми се признае квалификација. Си играа со мене.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А аферите што ми ги припишуваа беа обични чадни скалила по кои се обидуваше моето машко его да се покачи барем малку повисоко над другите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Збровите со кои се трудеше да ме одбраниш умни ти беа, батка, и добро обмислени.: „Афериве што се обидуваме да му ги припишеме на наш Боге, тврдам јас, се обични скалила од чад по кои се обидува неговото машко его да се покачи повисоко од другите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во ретките мигови кога сум печена свинска глава што го гризе забранетото јаболко, посакувам да сум покрај езеро, да си ги шлапкам нозете во водата, да се појавиш ти штотуку изгонета од Рајот и да влезеш во езерото, а јас да се радувам гледајќи те како го покачуваш нивото на водата со твоето дебело тело.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Сепак, тој веќе се покачил на некое скалило.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Марија душо - ѝ се обрати Клер на својата хиерархиски потчинета колешка - овде во фактурата пристигната од училиштата, цената на ужинките е значително покачена од минатиот месец.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
А од друга страна директорот, на сите шефови на погони, им ја покачи плата на тогашни 1.000 германски марки (денешни 500 ЕУР) месечно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Се чудев, зошто успеаја да ми ја вратат крвта што врие, ми го покачија нивото на хормонот адреналин.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)