позајмен прид.

позајмен (прид.)

Но од русофилството таа се восползува со заемот, направен при руско содејство, а друго и најглавно, не ги поарчи позајмените милиони за воени потреби и со тоа ги остави полни државните каси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа позајмена и преработена азбука се предава од колено на колено и со предавањето се изменува и сѐ се дотерува до својствата на јазикот на позајмувачите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И не можеш да живееш без разум, свој или дури и позајмен.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Тодор ја познаваше кулата многу убаво. И тој, и другите селани, често идеа кај чорбаџи Сивета по разни причини: На стриг сите идеа да му пострижат на неговите две илјади и триста овци, за да му го платат мамелето за позајмените педесет сто гроша кога дошол авалеџијата, да не ги тера врзани во Витолишта; за Божиќ или Велигден — да си купат чевли или опинчиња за децата; некој позајмил пари да си купи добитче; и се знае ли на сиромав зошто не му притребале пари?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Сакаш да завршиш како деликвент со позајмен деликт, ми вели Апостол Макаровски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие докажуваат дека во постколонијаните земји идеите за нацијата се во голема мерка позајмени од запад.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Меѓутоа, вистинска, е тагата во очите, тој поглед позајмен од Buster Keaton. Wil- liam Seward Burroughs е радикален во правата смисла на зборот, револуционерен креативец и нонконформист, кој во едноставниот костум пронаоѓа совршено руво за преправање и борба.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Всушност тоа се ѕидови-огледала, кои просторијата ја прават бескрајна, а она што е меѓу нив, да биде испомешано со триста испозајмени слики.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се чини дека со опре­делено упростување од глаголицата биле позајмени неколку графеми за означување на специфично словенските фонетски вредности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Стаса и Мајка, отидена да исполни уште една од последните таткови желби, да врати неколку позајмени книги, кај негови блиски пријатели.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се бришат од сликите, со совршен систем позајмен од големите братски партии со поголемо искуство, осудените и непожелни соработници, ликвидираните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ниту вашата позајмена биоскопска драматика!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Љубоморен сум кога некои комплети ги снемува од тезгите и рафтовите и тогаш болката што ја чувствувам ја лекувам со по некоја позајмена книга од градската библиотека.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ако не ги пишував домашните, ако не се мачев со математиката, ако не морав на памет да ги учам лекциите од руски јазик, или францускиот кој беше сосема нов за мене, читав руски романи позајмени од градската библиотека.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дојде, конечно, стигна мојата светица, светна моето помрачено сонце, застана спроти мене и со глас позајмен од риданијата на Рахела, ме прекорува: А каде си ти да дојдеш да си ја видиш мајка?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ако земаш полкило, рибарот ти црпе од црвеноперките - со тас, како од црква позајмен; ако земаш цело кило, ќе ти црпне и од гајбата со кострешот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Многу настани од животот на семејството и од судбината, Мајка ги кажуваше низ некоја народна поговорка или низ некоја што самата ќе си ја стокмеше, без да знаеме дали е нејзина или е позајмена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По тие групи имаше собирања во паркот каде што некој ќе се најдеше на договорената клупа да задрнка на гитара, кошкање парталава топка по длабокиот песок на дивата плажа, ненадејни прошетки со позајмен велосипед по насипот покрај реката од градот до предградието, непланирани потсвирнувања на другари во темница кога под прозорецот не очекуваш ништо друго освен мирис на босилек.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нејзината отвореност беше мала, кружна и речиси ненаметлива - слично на дупчињата за антена кои татковците ги прават со позајмени алатки, не сакајќи да повикаат мајстор.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во позајмен стил на Дон Кихот, се загнав да се туркам со она што не беше ветерница, а ја потпираше празната телевизиска кутија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Повеќе