поен (м.)

Можеби и немам на кому да му пишам и да го потсетам дека исто вака мирисаат во овј час тревите на Ерменија и на Македонија, можеби поскомињаво и полуто зашто таму тие се поени со крв и со гниење месо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И навистина: Луција од мене бараше да бидам циркузант не затоа што таа, туку нејзината Партија го сакаше тоа; Ина бараше од мене да бидам кловн (со видлива дарба за еквилибристика) не затоа што тоа ќе ѝ донесеше поени во циркусот, туку затоа што таа уживаше во моите глупости; се смееше како никогаш ниедна жена на светот; се смееше како што Луција, мојата Луција никогаш не се смеела, не се смее, и ниту не ќе се смее, иако според својата судбина требала да се смее, што не би можело да се рече за судбината на Ина; и јас реков: „Со задоволство, Ина. Со задоволство ќе го сторам тоа.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знаела и да свикува – си реков и ѝ додадов уште еден поен плус.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали Симона навистина го поттикнуваат алтруистички мотиви или е тоа исклучиво користољубието и дали е тоа предизвикано од егоистичната потреба за признание или за стекнување на политички поени, или е тоа желба за моќ, страв од смртта којшто се огледа во потребата зад себе да остави нешто материјално, бунар или водовод, наместо споменик?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На Еда не му беше жал. Тоа беше првиот поен што Едо го доби.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мислата нагло му свртува на друго: можеби, ако не ги делеше тие пари, ако ги дадеше за засилување на храната, ќе успееше да го направи оној нужен напор за освојување на последниот поен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој не ја прими понудата не дека гледаше во изедначената позиција некакво скрито предимство за себе, ами просто затоа што само со половина поен ништо не постигаше: оваа партија му е последна во полуфиналниот турнир, и само ако ја добие, само ако реализира вечерва цел поен, тој можеше да влезе во финалето за државно првенство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зашто претпоставувам дека новите вработени при Министерството за „највнатрешни“ органи, во одделот за катадневно следење на „дешавките“ во дневен боравок ( 20 поени)блиска „средба“ на француски кревет (40 поени) и каква било активност во тоалет (69... поени) ќе го снимаат материјалот и... потоа и ќе ни го понудат на пазарот во форма на ЦД,убаво спакувано со обвивка на која како колаж ќе бидат претставени најбитните моменти од долго или краткометражниот филм.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше очигледно дека овој негов гест постигна позитивен ефект кај Јана и кај Рада, па Ѓорѓе доби поен плус во градењето на својот углед.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)