подослободи (св.)
Средбата со Љакета сепак ги подослободи.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Полицајците се свртеа, јас се подослободив и го удрив тој што ме држеше.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Вистина, тоа ти бил цел сноп, завиткан околу наоколу со самолеплива хартија, па морав да ги подослободам кога ги палев, инаку не можеше да се потпалат оти, заедно со писмата што ми ги праќаше од Маказар, па и еден број што сум ги собирала уште од кога служеше војска, се собра големо купче.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Фимка се подослободи од прегратката на Циљка и се загледа во нејзиното лице.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)