поднаредник (м.)
Најпосле, нека се сврши сето ова, еднаш за секогаш, ова, почнато во онаа пролет на планина кога умреа слепите очи на поднаредникот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Кој тоа, зошто?“ Капетанот се обиде да биде строг но неговиот млак глас не достаса ни до поднаредникот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ќе чекорам со поднаредникот и ќе сум поднаредник во четата на смртта. Тој ќе е капетан.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
После затрудне сестра му од некој коњички поднаредник а тој во богословијата ја остреше својата кама и се колнеше дека ќе го убие тој човек.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Колку народ погина тогаш, не се добројува. Ранети - башка. Полковници, капетани, поручници, потпоручници, наредници, поднаредници, каплари, војници, што да ти кажувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)