поднамести св.

поднамести (св.)

Здравје да ми имаш и вековита да ми си, ќерко! (Се поднаместува со седењето).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Лила - најубавата, голема кукла полека стана, си го поднамести фустанчето и скокнувајќи од долапот тивко простенка: „М-а-м-а“, потем се упати кон белото зајаче Џипси и му рече: „Тропни со барабанчето! Треба сите да дојдат на овој собир!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Гоце се намурти, ги крена веѓите, го поднамести појасот и се замисли...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нумо си ја поднамести дрвената нога, го исплука догорчето и ја запали цигарата што беше си ја ставил зад уво.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо помисли дека зборува за него, та затоа се поднамести и начули уво.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пред тоа ја видел само како ја поднаместува пушката во скутот, како посигнува во пазувата и како потоа ја запетлува кошулата на градите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пожарниот се проѕевна и ѕирна надвор, кон жешкиот песок, а фигурата на креветот, која се викаше Ливајн, преврти страница и си ја поднамести перницата под својата глава.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се поднамести уште подлабоко во фотелјата и ги крена стапалата на оградата од каминот. Ова е блаженство, ова е вечност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Родна откако ги потсмирува струите што ѝ шетаа по телото, се подисправа, си ги гледа разголените нозе, внимателно си ги покрива со веленцето, а го поднаместува веленцето и врз својот Петар од другата нејзина страна кој се однесува како да е мртов, ни се слуша неговото дишење ни се гледа, а не се гледа ни мислата што му седи во главата која неговите физички заспани очи широко ги има отворено и со нив како да гледа и преку коската на черепот и преку дебелото веленце што го покрива сосема.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со необичното, обезоружувачко пријателство, што успеваше секогаш да му го даде на гестот, тој ги поднамести очилата на носот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со своето карактеристично движење, О'Брајан ги поднамести очилата на носот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Нема? - Има, ама малку. - Малку, ами ич? - се поднамести Живко на столот, пред да го вкуси виното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беше сигурен само во едно – го знаеше човекот што презриво го погледна кога се поднамести во седењето на ручекот, оти никогаш не седел скрснозе, и по само петнаесет минути сосема се здрви.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога врчвата ќе се преполнеше, сама ќе се навалеше, па ќе се клапнеше, чукнувајќи по работ на каменот на малиот базен под неа, ќе се превртуваше удолу, за да се испразни од водата, според законот на физиката, па бидејќи беше празна повторно ќе се исправеше под чепот на бурето, за да се поднамести за повторното полење...и сѐ така во круг...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„А кој спомена излекување? Па овде никој не е болен, овде само секој си живее во свој свет,“ и му ги поднаместив наочарите на носот кој малку му се беше вцрвил од алкохолот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш кога тоа ќе се случи, стави ми ја твојата топла рака на челото и поднамести ми ја косата, помини ми со прстињата по патецот, а потоа спушти ја дланката по мојот образ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Азра се поднамести и почусвствува меѓу усните густа тегава течност, а веднаш потоа устата ѝ се исполни со тврдото месо кое не можеше да се смири, кое играше во ритамот на празнењето што пред неколку мига започна во анусот на нејзината постара пријателка, но и продираше навнатре отворајќи ѝ го грлото како кога од голема жед во отворот се истура полна голтка директно во жарот за да се загасни, да се стиши.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Неуморно се чепкам, се чешам каде што не ме чеша. Допирам, поднаместувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Поднамести шмајзер, со левата рака измазни небричено лице, со насолзени очи погледна на сонцето и рече: - Само кураж... само кураж... - тој откинато го влече секој збор, небаре го џвака.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Циљка се поднамести, фрли неколку суварки во огнот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе