подмами (св.)
Попот ќе плати за сево ова. Вие не сте криви; тој со тие неколку ебепцази ве подмами да се земете на душа и уште кај ве мами. Не слушајте го него: отворете ја портата и излезете барем вода да се напиете...
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Би можеле со своето жалење да ме подмамат кон приврзување што значи дека би посакал да се вратам во својата мрша, што фала богу е невозможно.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ми иде да ѝ се предадам да ме повлече во себе, но зелената макар колку да заплашува со својата блештавост и секавичност со која надоаѓа, ме подмамува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)