подлути (св.)
Ни се подлутиле очите, ни се поткрвиле и само киваме од чадот и од смрдеата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ме пржат очите од лутина, целата сум подлутена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Почнаа да викаат „Сиромаси Власи, бери дрва греј се, пули краци смеј се...“ Жените на тоа почнаа да се срамат и да им се подлутуваат „Уф,туф, како не ви е срам!“ ама не со лутење туку со смеење и кикотење.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Не Цигани, туку рисјани“, се подлути попот. „Дајте ни го мртовецот и да се разотидеме.“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)