подлока (св.)
Сѐ така ми гледа штуро по него, како го водат надолу низ полето, подлокано и празно.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Крај реката посадивме и неколку ореви за да го бранат овоштарникот од стекување, од подлокување.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Си дишеме со земјата, сета подлокана, оголена, оглодана.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Патот е сиот подлокан и едно тркало избегува во ендекот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„ Поројници ќе ве сотрат, ќе ви ги избришат нивите и ќе ви ги подлокаат куќите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
I Куќите од селото се раштркани која каде: едни крај езерото, други крај реката што слегува од планината и тече низ селото; реката е суводолица: лете коритото е празно, исушено, како оглодана риба; во пролет и есен водата надојдува, плави, луничи, бучи преполнувајќи го коритото и влечкајќи со себе сѐ што ќе најде по патот, се разлева, ги подлокува трапчињата, сокаците, ги урива мостињата и плитарите од плевни и кошари и ги влечка со себе растурајќи ги во езерото каде што се влива; луѓето трчаат по реката и си ги собираат во езерото однесените работи: греди, штици, каци, ношви, буриња, кошови, сандаци, и по некоја живинка што не се удавила; вртат со чамци, ги собираат или ги туркаат кон брегот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)