подивен (прид.)
Тука има некаква подивеност! Ѓавол нека го носи! Зар има тука смисла?
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ја гледаше како се просребрува, иссвирувајќи пргаво низ дебелиот трупец, ја гледаше како тоне во неговата длабочина, сѐ додека не можеше да ја префрли преку себе првата вита штица, што ја извади; можеше притоа многу лесно, со сите примитивни лостови, од кои беше самоделски направен целиот тезгав пред него, уште во првиот следен миг да ги упати замавнувањата на таа подивена челична стихија во она место од трупецот, каде што му беше потребно нему, а пилата го послуша и писна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но со „каратине“ нешто не е во ред: налутено, разбеснето и подивено јурат по сокаците и бркаат сѐ што ќе сретнат.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Добитокот се вознемири уште повеќе. Кучето подивено залаја. Тоа ги раздразни волците. Близината на пленот ги повлече напред.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Овците, блеејќи, туркајќи се, се стрчаа кон поилото, подивени, обневидени од долгата жед.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Чекаш некого“? Знаеше уште пред да одговори таа: слушнала дека е в село и го чекала да дојде, да донесе машка немуртеност и подивена душа од секакви неволји.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Пред да пробие од пукнатата черупка со крвца и бела глекавост, пред едното око да се покрие со сив и лилав мраз, подивениот се извиткал со крик.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Волчицата- стојбина, со грч во секоја нишка месо, се скаменувала подивена и капната од рани, на каменот никој веќе не барал и не наоѓал траги на Климентовиот дух што над деветстотини години се движел од немило до недраго како призрак на некогашниот жив призрак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Подивена мачка - вели Ана, без најмал знак возбуда: - Ги има низ планинава, се кријат по дупките. Безопасни се...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Најпрвин го најдоа подивениот коњ, потоа, на една шумска ледина, и него, со распукнат череп.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Омразата ќе го исполни како огромен подивен пламен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кај нас, тие паликарјата Македонес страв будеа и сееја со лош збор, со крвнички поглед, со стегната тупаница, со стап, камшик и со ластегарка в рака, со шлаканица, со подивен глас на стие, со начулено уво под прозорец и со намигнување на кодош..
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се туркаа, викаа и се надвикуваа, за спас се фрлаа во подивените и разулавени води над кои секои неколку минути долетуваа авионите кои во низок лет и заглушувачки виеж митралираа, фрлаа бомби и ракети и веднаш зад нив долетуваа други и со некои бомби што ширеа и дигаа многу пламен, ги доубиваа, ги гореа испопелуваа и мртвите и сѐ уште живите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)