подзамижан прид.
подзамиже св.

подзамижан (прид.)

Беше со подзамижани очиња коишто како да се сомневаат во нешто.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Над јајчестата фаца со срамежливо затворени усни, сините подзамижани очи, блескотат како подзакриени џамлии.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во кладенецот на дното нешто ми се мрешна, ама јас жеден, подзамижан, пијам ли, пијам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја крена главата, ме погледна изморено, но гордо, со насмеан израз на рилките, со блага иронија во подзамижаните очи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Прво тетка Перса се прекрсти и ја бакна Богородица, ја натера Пеличка да се прекрсти и кревајќи ја, да ја бакне во златното лице, дури потоа Пелагија застана пред Богородица и долго стоеше со подзамижани очи, со жесток прекор во срцето, мигум се сврте тркалото на нејзиниот живот од она попладне на нивното сретсело сѐ до разораната нива во бескрајната Војводина и сега ѝ се чини дека сѐ уште лежи со раширени нозе, и тоа трае, трае, Перса ја кренала Пелагичка и ја притиска силно на своите гради и чека кога Пелагија ќе се сврти и јурејќи ќе излета од црквата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но бидејќи онака, осветлена од сонцето, и подзамижана, и целата блескотна, ги оставив веслата и, што ми стана, ја пуштив раката кон нејзиниот фустан.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Така легната наплеќи, подзамижана се загледа во сонцето што веќе го беше преполовило денот. Ѝ се пристори дека откај сртот слуша скрцкави чекори.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Потпре подбрадок на десната рака и со подзамижаните очи, замислено гледа во лицата на командантите: облечени се во стари излитени чешки офицерски униформи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)