подбивен прид.

подбивен (прид.)

Николче во тој момент, како Мартин да не е тука, подбивно им рече на другите деца: - Капнато е јатачево, ќе седне да почине.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сигурно бев еден од најсмешните кои чекаа таму, бидејќи не еднаш ги запикасав подбивните усмевки на портирите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Подбивноста смекнува во погледите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наместо отпоздрав, подбивно праша: - Каде ви е вашата уметница? - Зад оркестарот... пие. - Зад оркестарот!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наместената мекост и подбивност исчезна, а некоја отворена и груба жестина, која постојано се надолеваше, почна да ја заплискува одајата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најпосле, морав да се соочам со очите. Ме меркаа исто онака подбивно како јас моите клиенти, со истата надмоќ.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Па ова не е тоа? - се насмеав подбивно, - ова беше џудо зафат, нели Чичо?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Луѓето од дружината седеле во круг со лице кон огнот, без пречкање и без ракиска подбивност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подбивниот, избрчкан глас на Сириецот грубо го влече кон студената пареа на крајбрежјето, скоро со болка ја сече мирната поврвнина на идеализираната визија: - Оној што го имаше каменот пред мене ја матеше мудроста со безумност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Здраво, виртуози!“ нѐ пречека со подбивен глас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Натаму, нему ќе му се допадне и профинетата иронија, зашто подбивната фантазија се извишува над обичното боење со црно на една ситуација која навистина беше црна...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По подбивниот таван, збор зеде и подот од крцкави штици.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мажот подбивно ѝ одговорил: „Дом е место каде што мораат да те примат кога мораш да одиш таму”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
2. Io, Io!!! ова е окото Погледнете го ве молам раѓањето од ферментација на купишта скршени слики што никој не ги сфаќа сериозно погледнете го раѓањето ве молам Афродита (онака дрочна никогаш несилувана шуплива ко јалова школка а убава но морално подбивна) надоаѓа од периферијата кон центарот на овој неподвижен свет во ова време разјадено од премногу иронија да ни го расплаче мајчето да ни го згорчи лепчето и да нѐ подои со античка свежест Ова е окото Io, Io!!!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Продолжи да чекори. Се насмеав подбивно; тој не се сврте.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А сега, на моменти, троа убаво, а најчесто многу грдо, како од гериз, избива од дното, од дното на душата, омразата скорешна и стара, мириса, но и смрди, ух, луѓето како одврзани од синџир, ослободени, душата како пуштена од темното, ослободена со сите страсти, со одмаздничките и со подбивните.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ами? - Си раскажуваме... - Си раскажувате? Што си раскажувате? За мрачната страна на мракот? - подбивно праша комесарот. - Спомени, другар политички...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)