погребе (св.)

Гледај, рече дрвеното лежиште, и тој виде: џиновски стебла во златноцрвени облеки го држат небото на своите плешки и полека се ослободуваат од својот мртов товар; сончевите млазови бавно ги погребуваат лисјето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Погребан е во Алејата на заслужните граѓани на градските гробшита во главниот град на нашата република.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пак умре, велам, и пак го погребаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Срамота! Ајвани! Мртовец се погребува, а вие песни и свирки... - викаа луѓето од погребната поворка.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Слушајќи го попот кој ги погребуваше мртвите, ги научи молитвите. Му помагаше во пеењето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја погребаа сестра и на Ана. – Која Ана? – Зарем не сум ти кажувала за неа? Се запознавме во театарското бифе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ете, ваше превосходство, денес тајниот советник Тарасевич го погребаа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Бидејќи тоа е од мене, мене така и ме погребаа, во закован сандак”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Посмртните останки на Фаик Коница, пет години по смртта, се погребани во бостонските гробишта под звуците на музиката на Вагнер и незаборавната реч на Фан Ноли.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Едниот од нив, Ибн Фодлан (ум. по 922), раскажува за обредот на погребување на некој кнез, виден од него во текот на неговиот престој кај волшките Бугари.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Татко беше погребан во предниот, поистакнатиот дел на муслиманските гробишта, близу една асфалтирана патека, веднаш спроти неколку еврејски гробници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имаше неколку таткови сонародници и од иста вера, истакнати партијци комунисти, со некои од нив животот повеќепати му се вкрстувал, а овде беа погребани во Алејата на великаните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И се чу дека кога умрел, се собрале сите епископи и црнорисци, со желба да го испратат со почест и да го погребат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Набргу почина. Ја погребаа во Корча. Беше силна жена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Како би можела да биде љубовна кога на сите им беше познато оти единствената љубов на Голем Тодор, Благовеста Лекова, неколку години пред да се случи ова за кое ти раскажувам, беше веќе погребана.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Татко ми и мајка ми, која го следеше во животот како сенка, подгрбавена сенка од работа и од послушност, беа погребани на гробиштата Фицрој, спроти водите на големиот Пацифик, како не многу заслужни, но трудољубиви новодојденци.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ете, така почна и во нашата улица колерата со нејзините умирачки. Ги погребуваа и воените, и цивилите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ја дале и првата жртва. Ризо Трјаков, 35-годишен, од гевгелиските села, бил болен и не можел да го издржи напорното патување. Неговото тело било погребано в море.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ме погледна зачудено Масим, синот на стрико Бојан, ја подотвори устата во чудо, ги ококори очите и прекорно ми рече: Какво писмо ти пратил татко, кога тој почина пред една година во Домот за старци во Катланово, го погребавме по сите обичаи на градските гробишта, му правевеме помен на четириесеттиот ден и парастос на годината од умирањето?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе