погребен прид.
погребение ср.

погребен (прид.)

Не пристигна свршеникот си мртов да го кити со росен погребен букет, бидејки не тажат во Река момите, па нити го видел тој срам овој свет!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тркалата ја стружат калдрмата, калдрмата ги отфрла тркалата, а сето тоа се спојува и се разбива во некој монотон погребен звук, стиснат од двете страни со груби стари ѕидови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога ќе малаксаат од пиење и пеење, кога ќе се вангелосаат убаво, стануваат, и сите заедно одат на гробиштата; одат на гробот каде што требаше да лежи Лоте; седнуваат крај него и плачат, ронат солзи; жалоста уште повеќе се зголемува кога Лоте одненадеж ќе се струполи над гробот, ќе се оптегне колку што е долг и широк: ќе ги прекрсти рацете на мевот, ќе ги вклешти вилиците, ќе ги затвори очите и ќе го запре дишењето; луѓето тогаш му пеат тажни, погребни песни, му палат свеќи, му принесуваат цвеќиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Војникот ја спушти пушката, а момчето се смеша меѓу луѓето од погребната поворка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Срамота! Ајвани! Мртовец се погребува, а вие песни и свирки... - викаа луѓето од погребната поворка.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа беше како некоја погребна процесија. Но бесна процесија, во трк, со разбушавена коса, што подвриснува, настрвена кон север на некаква си церемонија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Доколку книгата поседува некоја убавина, тогаш тоа е онаа која поетите ја нарекуваат „погребна”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Чудни некои времиња се стаиле овде и наоколу врз Балканов валкан а свет на чело со класични руски кловнови и нови балкански клонови та катаден гледаме процесии работнички студентски селски граѓански и поворки погребни што маченици испраќаат - светци незнајни минатото го закопуваат на иднината не мислат оти ја нема а сегашноста горка ко корка сув леб ја грицкаат и чекор по чекор бараат dénouement, dénouement и мантраат: FUCK THE BEST WE’RE THE REST 82 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Утредента, целокупното население од околината учествуваше во долгата, бавна погребна поворка што се развлекуваше со часови и претставуваше, всушност, протестен митинг.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вели: „Се сеќаваш, погребната поворка кон гробиштата на Долнец, се смали на еден трактор и на два џипа...“
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Од браната натаму, погребната поворка кон гробиштата на Долнец, молкум се намали на еден трактор и на два џипа, едниот вилус, американски, со излижани гуми, и другиот лада, руски.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Погребната поворка, на чиј крај некаде бев и јас, беше од неколку километри.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Средба Денес убив една мушичка; Лежев на терасата и хорот од микроорганизми во земјената саксија со земја пееше погребна песна; Знаев дека си тука, а не верувам во реинкарнација.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
5. На влез на Охрид карши–карши две погребни претпријатија – едното вечен, другото мирен сон.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)