поголтне (св.)
Знаеше сега дека тоа нивно колебање не доаѓа од чекорењето, туку дека таа игра се создава од чудната случајност на згуснувањето на роевите своеглави снежинки, а неговиот поглед, често губејќи ја својата цел, просто го проголтнуваше целиот тој матеж таму, мачејќи се да го улови секое нивно прострелкување, секое матно просенување низ снежните преспи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Висар поголтна, се замисли и му се одмили веќе да лови риба; сето време додека се враќаа дома, молчеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Разбираш ли што ти велам: - Да, тате. Поголтнувам и гледам в земја.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
- Бикот го отепа командирот на милиционерската станица, му ја распра утробата, черепот му го плусна, рече милиционерот и си ја поголтна плунката.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сандри собра раменици и поголтна.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Таа само миг поголтна, па рече:
„Јас сум Тодора, имаш на ум?“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)