побеснет (прид.)
Со пушки, пиштоли, јатагани, секири и друго оружје, па и камења паднаа на селаните со бесни викотници. – Удри, коли, сечи, тепај! – се слушаше од побеснетата толпа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се радуваше на секој свој вистински заграб, на секое свое движење, исто како и на секое спуштање на онаа побеснета и на мигови чиниш до невидливост полетана плоча на пилата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сите човечки извици на страв и на гнев, онаа животинска гласност пред која и побеснет ѕвер ќе ја свие опашката, се слеале во продолжен крик што го преплавувал боиштето со сила на бескрајна и густа вода под која ќе останат загатливости на човечкото ништење, како и секогаш кога тој човек се борел и колел и бил уништуван заради поголемо парче земја за да гние потоа на најмал простор под крст или под исправен камен со изрезбана чалма на врвот, под чалмата со железо ископана мудрост на Коранот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Да?“ Мама погледа спроти масата што ја постави како некаква прекрасна сребрена стапица, чудесна јама со сосот од печено месо во која најпосле, како побеснет ѕвер од некои дамнешни времиња, фатен во јама со катран, можеби ќе попадне нејзиниот маж и ќе биде задржан во неа за да гледа низ решетките од јадеци, засекогаш на сигурно.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)