плодност ж.

плодност (ж.)

Чанга добро знаеше дека овие бели животни со блажен поглед, со натежнато тело, како израз на плодност се секогаш готови да го исцицаат сокот од црната земја да го преобразат во бело млеко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја најде пурата на Ризо и ја запали; лицето ѝ трепереше на светлината од пламенот и имаше нешто во нејзините очи што можеби беше ужасувачко и задоцнето сознание дека она што го засега овој особен орач беше подлабоко од сезонските промени или сомнителната плодност, особено откако претходно сфати дека нејзината моќ на давање не вклучува ништо над или под следниов список на предмети: ножици, сатови, ножови, ленти, врвци; и затоа кон неа го имаше истото она сочувство како кон хероините на секси-романчињата, или кон исончаните но импотентни ранчери-позитивци од вестерните.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Растењето е доба на одгледувањето; созревањето е доба на плодноста; староста е доба на ослободувањето од непотребното.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Океанија е заштитена со широчините на Атлантикот и на Пацификот, а Истазија - со плодноста и трудољубивоста на нејзиното население.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Луѓето често имаат потреба да говорат срамни работи; таа генитално-анална симболика е редовен состав на секоја карневалска атмосфера, на секој обред сврзан со култовите на плодноста, обновата и животот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со тоа, со еуфоричната, транс-димензија се објаснуваше и популарноста на партијата на Луција кај најшироките народни маси; ним им требаше тоа, како обред кој го потврдува животот и култот на изобилието и плодноста.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем доаѓаше уште една скаредност под маска, како симбол и посакување плодност; гатачот бара од домаќинот да ја надомести штетата за смртта на бабарот со овие зборови: „Ќе дајте една кора сланина, една бела погача ќе дајте една стара пара, наша млада да ви поскокнит, да му поскокни коњот на домаќинот“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
О, каква противречност: да бидеш жена, начело на плодност а да носиш негативен, пасивен предзнак, архетипски минус ритмични инсерти од смрт и од живот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
За разлика од јагнето, чија крв во темелите требаше да донесе мир под покривот на Блиската роднина и Минувачот во 5 до 12, овие божици на плодноста се одѕиваа на обредниот повик и редовно доаѓаа во диското, но прилично ретко се пораѓаа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Грешката, чинам, лежеше многу понапред - се покажа дека девојките кои, со долна облека на столбовите во диското, се повикуваа, не беа никакви божици на плодноста, туку на згодноста.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Кампањата за надомест пропадна наеднаш и без валидно образложение, и божиците на плодноста, коишто избрзаа на оваа основа, останаа беспомошни пред гладната натална принова, колнејќи ги празните ветувања.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа го сакаше мирисот што ја обземаше во тој миг, тоа не беше мирис ниту нејзин, ниту на Лилица , ниту на Андон, тоа беше некој мирис на ветрови што се раѓаат одвнатре и носат реа на пот и плодност, мирис кој тешко може да се именува, како кога ќе влезете во кафеана во која никако не можете да кажете од кое јадење е тој мирис што ве тера со стрв да подголтнувате, затскривајќи се тоа да не го видат другите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)