плин м.

плин (м.)

Може да се штеди и бензинот, и плинот, и парното греење, и дрвата, и облеката, и чевлите, може да се штеди ако не се прејадува, ако не се препива, може да се штеди ако непотребно не се патува, може да се штеди ако не се фрла, кине, валка, гази - може да се штеди, добри мои, на илјада начини, а не е потребен наук за да се совлада вештината за штедење.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Таа сигурно нешто ќе заборавеше пред тргнување, ќе се враќаше да ја заклучи вратата, да провери дали го исклучија плинскиот шпорет или можеби ја заборавила цигарата неизгасена во пепелникот и ќе стигневме токму во моментот кога возот тргнува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се обидел да го исклучи плинот. Се срушил врз подот. Го нашле потемнет, како црнец, изеден од гасот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мајка ми имаше обетки. Кон крајот на месецот секогаш ги носевме во продавницата за заложени предмети, за да можеме да ја платиме сметката за плин. О, беше ужасно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се измив од малкуто вода што ја чував во мала лимена канта со чешмичка, се облеков во онаа жолта летна блуза со куси ракави, која ја носев сите последни недела-две и која веќе требаше да се пере, потоа ставив кафе на плинското што стоеше во длабокиот прозорец како на масичка, и пиејќи размислував за одлуката што требаше да ја донесам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И повтор предметите на себеси заличија А синиот пламен од плинот под ѓезвето не личеше веќе на оган од летечка чинија.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Плинов има А-тест?“ „Нема, нели цениш дека колава вреди 500 евра, а тестот повеќе од цела кола“, се бранам јас.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А, за секоја евентуалија, за нечитачите, на тезгата ќе изложам грицкалици за нокти за нервозни гризачи, камен за распукани петици, жилети за очајници и фластери за оние што по сечење вени стануваат пишман, па, ако пишаниот збор случајно не им се допаѓа и оние од инспекторатот при министерствата за разни и безобразни, како и за сѐ и за ништо, може ќе бендисаат некое сино пенкалце или запалка со која ќе оди резервоар со плин за полнење за штедливи, со моето отпечатено име со златни букви на него, како кандидат за – ништо и за никаде!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„И, прави што ќе правиш, тоа плинот така не можеш да го возиш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)