плива (несв.)

Дали онеме нешто од морето што си пливал, дали што?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Од бујниот Вардар до Соча и Драва во секое срце денес радост плива, - Републико наша, мила братска стрео, да си вечно славна, да си вечно жива.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Во полупразната чаша, во која светка верверичкото вино, бубачката плива и безуспешно се обидува да се искачи по проѕирното стакло.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ангелија... Седеше в претрупана полутемна одаја на железен кревет и имаше златникаво зелени очи. Ѝ го подадов писмото и се наведнав над леѓенот во чија вода некаква ситна бубачка очајнички пливаше во круг.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој тажен го почувствува припекот на сонцето и го виде шишето во вирчето под кладенецот како, нишкајќи се, плива по површината.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Старецот ја лееше својата мака. Неговиот темен глас тромаво пливаше по голата соба и оставаше зад себе празнина и недореченост.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Светлоста околу нив живо пулсираше, пливаше, низ облаците, се палеше и се гасеше;тоа пролетно треперење не се смируваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чекаше. Во нејзините очи пливаа златни искри. И таа беше како и првата, како и многу Марии на светот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во базенот пливаа разни чешити рипки и тие се насобраа да ги гледаат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Високо, над срамежливоста на хоризонтот, пливаше во ретка разблажена крв, непознато, тромаво јато со неми клунови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На ноќните масилиња крај тие глави лежат стаклени бокали со млака вода. Во еден од тие бокали плива стоногалка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му признаваат дека не умеат да пливаат; тој воздивнува, мислев дека...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дајреџијата не го ни чу, ни виде упрекот на кафеџијата. Предаден на своите преживувања, целиот пливаше во некакво неискажливо блаженство.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Климент се враќаше со своите мисли во минатото и пливаше по него, како среќен рибар, кој со полн чун риби вплива по езерските далечини...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таму, над ќелавите глави на виолинистите, плива бушавата, светла коса на шансонерката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бавно плива во сенката што му ги зафатила рамењата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, би се капеле цел ден, А многу деца не знаат да пливаат... Е, тука би можеле да настапат непријатности. Гледаш ли?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На плажата влегува заедно со другите деца и раководителот го учи да плива.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Соба преку црн праг мине, а зад неа модра пчела со топ стара мечка стрела, па мечката в река плива, но ја демне риба дива и ја лапа.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Децата се и адвокати, и одборници, и началници, и капетани: пливаат бродови и подморници во нивните умивалници.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Повеќе