плет (м.)
Крсте, Стојан и Нешка не еднаш стоеја до плетот и ги гледаа пчелите како влегуваат и излегуваат; како тие што влегуваат, носат жолт товар на нозете, го подаваат на „мајсторите" на вратата и се враќаат по нов материјал за нивното зимовиште.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Па и не се далеку со куќите: ете каде е Ристе Жиовецот. Еден плет ги дели од Сукаловци. ***
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Вардар се пази од синџири — аскер, границата е преплетена со жив плет од башибозуци, та изглед за префрлање не можеше да се наѕре за скоро време.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Развевај црвено знаме и легенди борбени плети, веј се над нашите глави, слободата нека ни свети.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И тивко, колку за себе, слушајќи го говорот на Високиот, вели: - И така натаму и така натаму... куцо петле на ист плет пее и на исто буниште чепка...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во Втората балканска, облечен во грчка униформа, пеев како петел на низок плет.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Лесно ни беше таа година: не моравме како другите години да крадеме и да растураме плетови како што правевме зашто луѓето ни даваа сами или ни кажуваа каде можеме да најдеме.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Од вагонот се слушаше само едно бодинање и едно Ух Ух Ах Оп, па едно плескање како кога плескаат петли наутро качени на плет и пак бодинање и она Ух Ах Ех Оп!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Јас и Санде се најдовме заедно и од зад еден плет гледавме накај крушата.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Еден ден се боревме и почувствував дека се заборавил во жарот на борењето, ја зеде машата, а јас избегав зад еден плет, тој удри во плетот, дотрча мајка ми и му свика: Што стори бре, Тасе! а тој – Остави Ристено, ќе си го утепав детето, цел ден немам тутун и таков сум.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога се појавија пред дворот Мурџо не го скокна плетот, туку почека тие да влезат преку малечката вратничка за потоа радосно да ги поздрави со некој сосема нов глас во квичењето.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Дончо не се ни завртува туку продолжува да мава со стапот лево и десно без да забележи дека патчето го има оддалечено од рекичката и дека го влечи речиси по средина на една бескрајна градина: лево домати, десно пиперки и гласот на Чана што го запира како висок плет Каде ти е Митра бре Дончо? и дури сега открива многу работнички околу мајка му.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Секој проматар, како што од нив бараше Брчалото, мораше својата пластична простирка да ја постели на горната страна крај плетот што ја оградуваше нивата на Митрета Маторицата, така што проматарите да не бидат распласнати кој каде ќе стигне, туку да бидат во еден ред како под конец.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Црвен петел кацнат на плетот раширува крилја, ширум отвора клун, ама глас не пушта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Среде црква развален оган. Горат цепеници донесени од најблиските дворови и колци извлечени од селските плетови.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)