племја ж.

племја (ж.)

Ене, непријателот копа окопи, ја сече немилосрдно шумата, ги копа ливадите и лозјата, ги урива ѕидиштата, племните, та дури и куќите; ги копа огништата и визбите и прави бункери за да се задржи што подолго; за да го мачи што повеќе и Митрета и Петрета кои гледаа што се прави, а не можеа да помогнат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Престанаа со пукањето и едните и другите, но Турците, таман се затемни убаво, ја запалија племната од комшијата Стевана и целото куќарче го осветлија, та Шаќир и Јован не можеа да го направат предвидениот препад зад куќата и да го скинат опсадниот обрач.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И овие го послушаа, ја отворија племната и се закопаа децата во сламата, а возрасните ги скрстија рацете и ги удрија главите ничкум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Племната, деца, ваќајте а племната; ако можите во сламата да се позатоплите, друго чаре нема, — им советуваше дедот Бале на своите десеттина членови од семејството.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Жената моја ја предадов, не ја чував како што треба маж да ја чува, туку се стрчав да се тепам со Турчинот, јас гордиот, а неа со моите три сина, моите бели гулаби, ја оставив во племњата, без заштита и без маж.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Само душава моја е столчена, а телото изгазено, зашто сум далеку од моите три деца, кои ги оставив во племњата и в раце на Османлијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)