плевел м.

плевел (м.)

Кршиме гранчиња и ги запотнуваме никајците, ливадите, лозјата. За од глотеж, од плевел.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И еден со друг се бодревме за да се совладуваме, да почнуваме одново, да го искоренуваме плевелот на малодушноста.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа ќе го положи бебето на меката плевел.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
По нашето последно патување, пругата плевел фати, а вовчето исчезна во заборавот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Ќе имаме работа кога ќе израсне плевел.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Низ каков сѐ чакал, плевел и горчливи мирудии се провираат водите на животот, и какво сѐ зелениште во него не вирее!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тоа ти е животот: ти го плевиш а плевелот и понатаму расте. Се фатил за земјата и не се пушта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Приказни како таа почнуваат и потоа се пренесуваат од генерација на генерација, сѐ додека некој не ја одвои вистината од лагата, додека не се исчисти плевелот од пченицата, како што би рекол ти.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Додека газеше низ плевелот, си го слушаше дишењето, како му свири низ носниците, и тогаш сфати дека целото негово тело е во еден вид бунт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со нозете цврсто ја истапка земјата и врз неа распосла трева и плевел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Плевел Се препознавам во скршено огледало. Во матна вода се гледам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)