планер м.

планер (м.)

Вокменот го руши контекстот на постоечката текстура на градот и ја провоцира логиката на урбаното, бидејќи градските планери досега по правило се занимаваа само со просторните димензии на соѕиданото, занемарувајќи го акустичниот аспект.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За разлика од воените планери, во СОЕ сметале дека не е потребно да се чека да се организираат движењата на отпорот и да се чека на сојузничка интервенција, напротив тие биле убедени дека е потребно да се продолжи со реализирање на осмислените акции уште во периодот пред војната-изведување на саботажи над стопански објекти, патишта, железнични пруги и др., за да се забави германското снабдување и напредување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Британските планери предвидувале дека доколку Германците го започнат своето повлекување главниот правец би бил кон север и би оддел по Вардарската Долина и по железничката пруга Белград-Солун.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во однос на овие две прашања, непосредно по почетокот на војната, постоеле противречности меѓу воените планери и СОЕ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ништо не е препуштено на случајноста - и случајноста се планира. Од Големиот планер.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сигурно дека советското напредување во земјите на југоисточна Европа не им давало мир на британските политички и воени планери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По добиените информации од мисиите, воените планери можеле да ги лоцираат основните жаришта на партизанското движење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британските воени планери, кои пристапиле кон реализацијата на плановите на политичките планери на Форин офис, уште во средината на 1943 година го отпочнале процесот да пронајдат луѓе кои би биле испратени во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)