плакне (несв.)
Е, добро не плачам повеќе. Ама солзата ме плакне кај што ме боли. На болачето. 115
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Оттогаш, од минатата сабота, Лазор, кутриот, гори во треска, а Јосиф бдее над него, и дење и ноќе, и со разни лекарства му ги плакне раните и му ги ублажува болките.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
XVI Ручокот на Комисијата беше приреден на островцето обградено од бистрата изворска вода под жалните врби што своите гранки како зелени чипки ги спуштаа до земја; водата околу нив се прелеваше во зелени и светли тонови, по неа лебедите оставаа меки трагови доаѓајќи сосем блиску до огништето каде што се печеше прасето; калуѓерите се сменуваа вртејќи го раженот и плакнејќи ги лицата со студената вода; миризбата од вцрвенетото прасе што капеше на жарта, се ширеше наоколу дразнејќи им го желудникот на полковниците, игуменот, отец Иларион и отец Серафим кои седеа крај масата и пиеја; отец Серафим пак им наточи од најубавото вино, и додека чекаа да се испече прасето, им раскажуваше дека во турско време имало многу лозја во манастирот, а и во селата, зашто луѓето, за да се ослободат од големите даноци што власта им ги наметнувала за житните насади, тие нивјето ги засадувале само со лозја, зашто Турците не земале данок за лозјата, не собирале грозје, зашто не пиеле вино.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Единствен услов му е да биде добро и редовно хранет и да не го надразни близината на менструалната крв, особено кога дожди, и водата го плакне закорениот отисок од почвата кон прагот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А јас, врз основа на личното искуство
- граматика на разобличувањето
сунѓер со којшто секој си ја впива
сопствената крв
и ја плакне во Ништо:
меморирана мора.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
По кафето устата се плакне со вода и се голта за да не остане меѓу забите и да легне добро во желудникот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Замина во блиското кафеанче да го проплакне грлото и да го заборави гракањето на Ружа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)