пицерија (ж.)
Се кладам дека сум те гледал во Снежана и седумте џуџиња! (На Грета ѝ набабрува жилата на челото) А како ви се допаѓа мојава пицерија?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Поминавме скоро по сите кафеани, кафулиња, ресторанчиња, пицерии и никаде ниту едно слободно место.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ми помогна да сфатам дека се наоѓаме веќе во Пицеријата и дека најсетне можам да ја видам Ана како насмевната ни понудува во големите бели чинии барем дел од себеси.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во приземјето – ресторани, кафеани, пицерии, банки, седишта на домашни и странски фирми.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Навечер одевме на свирки по бродови каде што забави правеше кој друг ако не Фуфо (имаше и своја пицерија во градот, со коцкестите црвено-бели чаршафчиња), а свиреа Робертино од Ластовица, и други дечки од Македонија.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Елиот, на други воопшто не им е јасно каква врска има тоа со Микеланѓело, некои други други по пицериите тврдат дека Микеланѓело јадел пица со многу, ептен многу оригано.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)