питроп м.

питроп (м.)

Така свети Илија си ја чуваше сам стоката та никој не смееше да гибне ништо манастирско (освен питропите по селата и веќилите Вртановци во Прилеп) за да не се потфати како лисицата или волците што паднаа на пусија, откако ги изедоа манастирските ждребиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден ден жена му од питропот Танаско пак почна да плаче: „Ми ја нема мачката; најубавата мачка ми ја нема“ и ја бараше по сето село.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А кога ја виде во фармата кај Полин и кога ѝ викна: мац, - таа низ истата дупка низ која влегла во кафезот, излезе надвор, а по неа и сите мачки до една излегоа надвор: почнаа да трчаат по мачката од питропот Танаско и се распрснаа по сето село.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Жена му од питропот Танаско шеташе низ куќата, ги прегледуваше кожинчињата и офкаше: „Само мојата ја нема, само мојата ја нема...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И вистина, сонот на Богуле се обвистини: се обеси питропот Андро. Се возбуди селото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Потоа уследи друг: на Богуле му мина стравот што беше вгнезден во него по бесењето на питропот Андро, доби некаков кураж, смелост, и почна да го раскажува она што го криеше, да ја објаснува вистинската причина за несреќата на питропот Андро: за љубовта што потајум ја водеа неговата жена Андрица и Оруш варџијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Питропот Андреа вадеше од огништето запалени гламни, излегуваше на чардакот од куќата и ги фрлаше во водата за да запре дождот; цврчеше жарта, пиштеше пареа; го превртуваше ничкум секој сад што го имаше во куќата за да не зјапи по вода; ја земаше иконата на Св.Илија и ја вадеше на чардакот молејќи го светецот да му нареди на дождот да запре.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Целиот го имаше правено и редено Петре Питропот, како и свеќникот спроти пангарот под иконата на свети Никола.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Питропот еднаш сам им кажа на луѓето оти во црквата нашол две лајна испосрани од некого. Тие беа нашите лајна.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)