питорескен прид.

питорескен (прид.)

Двајцата се воодушевуваа од севозможната, етнички мешана и така питорескната костимографија на градот и особено на нивните едноверци - некако не им одеше веднаш да кажат „сонародници” зашто беа толку различни од нив - од кои најголемиот број беа скромни луѓе, постарите сѐ уште облечени традиционално, со фесови, антерии, широки женски здолништа со долга престилка и специфични женски капи што ѝ личеа на дајриња ставени на глава и врзани под брадата, сите дотерани на туѓ, ориентален начин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Занемено, жмиркам, дремам Под мене тепих од ранки рози Мечтаам да видам уште едно сонце Два паралелни универзума во осмози Свет како нашиот, само посовршен И овој пејзаж, питорескен недовршен И овој в тревата на штурците шум И оваа роза со трн да ме боцне Ќе треба За да излезам од сопствената пародија За да излезам од сопствениот ум! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)