питомец м.

питомец (м.)

Потоа заминува во Софија и таму како воен питомец, ќе биде исклучен заради неговиот бунтовнички дух.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Друг е персоналот, други се питомците. - Да, само зградава е иста и на исто здива. - Реновирана е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
ОСТОИЌ: Најди питомци па дај им ги нив.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Бев петокласник, „питомец“ во еден државен интернат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)