пискливо (прил.)
Еднаш еден од работниците, познат во тајфата како шегаџија, пискливо се насмеа, кога Веле го искачуваше скелето целиот испотен, изморен, со отворена уста, свиткан и поклопен од широките штици, што му беа на грбот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Лани на Грамос, откако одлетуваа авионите, од своите карпи полетуваа орлите. Со писок или со пискливо лаење, да, тие кога пискаат чиниш лаат, се довикуваат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
По некое време го слушам она пискливо лаење на орлите, а потоа викање, крик.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тоа нејзино пискливо смеење всушност потврди дека е во прашање таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И сега само размавтува со
раце и вика пискливо по него: „Стоте лева! Еј, стоте лева!“
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)