пирустија ж.

пирустија (ж.)

Ги разурнуваа изгорените родни огништа и вадеа што не можело да изгори: лопати, мотики, копачи, синџири, пирустии и сѐ друго од железо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги гледаше како одат по сокаците изнабесени на нив со: кошници, сита, вретена, фртоми, синџири, потковки, ендезиња, брдила, кросна, кации, пирустии, сорови, ченгели, резиња, дрмуни, оглави, гребла, ѕвонци и други дрангулии и викаа умот да ти го извадат; навечер палеа огнови крај езерото кои одблеснуваа во водата како да ја потпалуваат; седеа околу нив со раширени нозе да се топлат;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кожата на лицето и снагата му беше ишарана со пишанки, бенки, та Богуле често се слекуваше пред огледало да ги гледа, зашто (онака како што му беа групирани по градите) му личеа на соѕвездијата: бик, овен, голема и мала мечка, ралник, пирустија, стрелец и други соѕвездија што ги учеше во училиште.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
продавачите на железарија ја растуриле сермијата крај патот (маши, пирустии, кации, потковки, секири, српови, коси, сорови, синџири, тепсии, ибрици, ѓумчиња, аванчиња, легени, кантари, саанови, котли, ѓезвиња, кандила, фенери) и тропаат со ѕвонци за да го привлечат вниманието на луѓето;
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога пак ќе земеше Калија, например, да утлеисува, да го разгорува ќумурот во железната утија: или кога ја креваше жешката црепна вадејќи го врз пирустијата табакот со зелник: кога ќе се забревташе толчејќи со ќускијата слануток: или кога ќе се наведнеше полека и растреперено врз ковчегот со невестинската руба во кој сѐ уште имаше дел од чеизот, е тогаш, Бошко гледаше како шафранот од нејзиното лице станува божур, а белузлавите очи како трчаат од далечина и почнуваат да светат како жеравици.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
СИМОН: (Пее) Шест месеци пол година, пет прсти рака има четири боски крава има три нозе пирустија две очи глава има еден ми е билбилот што рано рани мај месец.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
СИМОН: Шест месеци пол година пет прсти рака има четири боски крава има три нозе пирустија две очи глава има еден ми е билбилот што рано рани мај месец. (Пауза.) Мајчице моја. (Пауза. Влегува Мими со Стево.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Неодамна, кога цел ден лежеше болна в постела, ѝ прочита една приказна за сеништето од долот, и ѝ испече лепчиња на пирустија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На пирустија клала грне со грав, кромид и пиперка, полека да се вари.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)