пилиштарец (м.)
Здогледувајќи го на нашиот принтер опасниот знак на големиот берзански император, господинот Суруш, ококорениот Контра Банда(ш) извика: -Маргина-вагина: вие сте потемкиново село на сурушката банда, пилиштарци!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На Петра ѝ се стиснуваше срцето од болка и од мислата дека можеби сама ќе ги враќа овие пилиштарци во Македонијана.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но сега го привлече група пилиштарци, која на дива полјанка кошкаше топка на еден гол.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Со припомош на тие пилиштарци, некако се довлечка до дома, каде што го презедоа жената и помалиот син.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Томо, може ли да те прашам нешто? - овој пат беше повеќе од директна, мислејќи дека барем на овој пилиштарец може да му се обрати во прво лице.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)